Search
Close this search box.

Ликовна и галериска дејност

НУЦК “Марко Цепенков“ преку ликовната и галериска дејност има реализирано стотици изложби на еминентни имиња на македонскиот ликовен израз.

Соработката со Амбасадите во земјава и Меѓународните Културни Центри, овозможуваа присуство и на голем број странски автори. Ликовната галерија го афирмира ликовното творештво давајќи им шанса и на малдите ликовни автори.Се реализирале голем број ликовни колонии.

Во 90-те години “Брзото цртање“ како манифестација беше белег на Центарот за култура. Од 2008 г. се востанови Ликовната колонија “Дрен 08“ која се случува во конаците на манастирот “Св. Илија“ во село Дрен. За две лета оваа колонија си го најде местото на ликовната карта на Р.Македонија и влезе во календарот за финансирање на Министерството за култура.

Оваа година “Дрен 08“ пресраснува во интернационална колонија.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања