Search
Close this search box.

Театар Војдан Чернодрински

 

Младите тетарски дејци, групирани во КУД “Мирче Ацев” афирмирани во аматерски групи, ги поставија темелите на Народниот театар, есената 1949 г.Одлуката за формирање театар ја донесол Народниот одбор на Прилеп. Прв директор бил Рампо Конески, а како актери се појавиле: Рампо Ачески, Борка Димкароски, Благоја Кепески, Борка Солески, Блага Батаклиева, Рада Смилеска, Маре Русеска, Владо Спиркоски, Аце Михајлоски, Нада Галеска, Цане Настоски, Димче Шилоски, а подоцна се приклучуваат и Димче Гешоски и Кирил Жежоски.

Театарската завеса за прв пат е подигната на 18 февруари 1950г. со претставата “Кир Јања” од Ј.С. Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски.

Во своите 60 г. растеж, професионален театрски израз Театарот “Војдан Чернодрински” прикажал повеќе од 350 премиери, се одиграле над 7000 претстави пред повеќе од 1,5 милиони луѓе. Најгледана и најиграна театрска претстава е “Солунски патардии” од Миле Попоски во режија на Коле Ангеловски со точно 100 изведби.

Белег во повеќедеценискиот растеж на Театарот даваат и претставите: “Спиро Црне” од Благоја Ристески Платнар во режија на Владимир Милчин,”Колобан” од Блаже Алексоски во режија на Љубиша Георгиевски, “Арсениј”, “Полковникот Птица” од Христо Бојчев, “Опера за три гроша” од Брехт во режија на Владо Цветаноски.

2009 година за Театарот “Војдан Чернодрински” е потврда на својата професионална и врвна театраска кариера. Претставата “Тапани во ноќта” од Брехт, а во режија на Мартин Кочоски беше претстава која ги промени и ги поткрена стандардите на високо квалитетно тетарско остварување на нашиве простори и пошироко.”Тапани во ноќта” беше победник на 44-от МТФ “Војдан Чернодрински”, учесник на многу театарски фестивали на Балканов и тројно награден на престижниот МЕСС во Сараево.

Во македонскиот театарски свет Театарот „Војдан Чернодрински” го има и приматот на куќа во која се поставени и најмногу праизведби на текстови на Коле Чашуле, Томе Арсовски, Миле Попоски, Благоја Ристески – Платнар, Трајче Крстески, Петар Петрески и др.

Денес Ансамблот на Театарот “Војдан Чернодрински” е дел до НУЦК”Марко Цепенков„  и остварува богат и разновиден театарски репертоар на задоволство на сите љубители на театарската уметност.

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања