Search
Close this search box.

ДЕЛИРИУМ ТРЕМЕНС

ДЕЛИРИУМ ТРЕМЕНС

Во четврток 30 април 2015 во 20 часот во театарот,,Војдан Чернодрински,, премиерно беше изведена монодрамата  ,,Делириум Тременс,, по текст од Благоја Ристески Платнар, актер и режисер  Игор Трпчески.

Проектот е копродукциски меѓу Театарска работилница и театарот,,Војдан Чернодрински,,

,, Делириум Тременс или Алкохолно труење е дијагноза која ја добиваат хронични алкохоличари помеѓу 48 и 72 часа од последната испиена чашка алкохол. Проследена е со тресење, дезориентација па се до халуцинации и стравови кои би можеле да го доведат субјектот во афектна состојба и да го направат опасен по себе  и по околината. За жал, иако еден од првите текстови на Благоја Ристески – Платнар, напишана осумдесеттите години од минатиот век, траги – комедијата Делириум Тременс не ја дочека својата премиера на сцените, веројатно поради непопуларноста на монодрамата како жанр во тоа време, но никако не би требало да биде заборавена денес.

Уште на самиот почеток на текстот, авторот го загатнува „театарот во театар така што јунакот ни го претставува како сценски работник, кој случајно е тука и ни соопштува дека нема да има претстава, затоа што актерот кој треба да ја одигра претставата, е во болница поради Делириум Тременс. Така приказната ја гледаме како низ едно скршено огледало низ призмата на овој сценски работник. Претставата е наменета за сите генерации и во голема мера ги дефинира односите помеѓу уметниците и работниците, нивните влијанија, соработки и антагонизам кој се развива од неразбирање на проблемите на другите и секако за љубовта и морално етичките дилеми, кои кај секој од нас се појавуваат во состојба љубов, страст и страв вели актерот и режисер Игор Трпчески.

 

Податоци за претставата

Актерска игра и режија:

СЦЕНСКИ РАБОТНИК – Игор Трпче

Музика:

Артист: Димитар Ѓорѓиевски – гитара,бас, вокал;

Драматург: Менде Костоски – хармоника и пијано;

Келнерот: Бојан Андревски – перкусии и тапани;

Специјален гостин: Борче Миленкоски на сакс;

Сцена и костим: Бојана Артиновска Трпческа;

Превод на англиски: Лидија Митоска Ѓорѓиевска;

Тон и светло: Томе Темелкоски

Видео:  АРТериа – Емил Петров

Н.У.Ц.К. „Марко Цепенков” Прилеп

Народен Театар „Војдан Чернодрински”

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања