Search
Close this search box.

Премиера на ,,Погребални игри,,

Премиера на “Погребални игри”

,,Погребални игри,, од Џо Ортон, во режија на Југослав И. Кочоски е првата претстава за 2015 година која театарот ,,Војдан Чернодрински,, при ЦК,,Марко Цепенков,, премиерно ја прикажа  на 14 март.

– Кога започнавме разговори за тоа што би можел да понудам во театарот се сетив за текстот на Ортон и затоа што знам дека публиката сака и знае да цени добра комедија. Токму затоа најлогичен избор беше Погребални игри, односно како што во оригинал се вика – Плен. Текстот е доста актуелен, како пишуван за кај нас денес, и иако во суштина се работи за Англија во раните 60 – ти, нема потреба од никакви интервенции за да стане јасно што се случува на сцената и за нашата публика, дека парите се доволна причина за одеднаш да ги снема сите табуа и се да биде оправдано за да се стигне до нив – вели режисерот  Кочоски.

На режисерот Кочоски ова му е прва соработка со театарот.

– Со актерите имавме прекрасен процес со позитивната енергија и елан за работа, што е многу поважен од реалните технички услови и мислам дека се додека ја има таа воља за работа, прилепскиот театар ќе продолжи со успесите – додава режисерот.

Во претставата играат Марјан Чакмакоски, Јасмина Мицовска – Станкоска, Михајло Миленкоски, Димитар Црцороски и Александар Тодески. Сценографијата е на Бојан Маневски.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања