Search
Close this search box.

ПРЕМИЕРА ВО САБОТА

ПРЕМИЕРА ВО САБОТА

Текст и режија – Коле Ангеловски

Драматург – Ивана Нелковска, Лидија Митоска – Ѓорѓиевска

Сценски дизајн и костими – Илина Ангеловска

Музика – Томе Темелковски

Кореограф – Кире Миладиноски

Играат

Трајче Иваноски

Виолета Чакарова

Владимир Ѓорѓијоски

Катерина Чакмакоска – Клинческа

Марјан Чакмакоски

Наташа Наумоска

Александар Тодески

Димитар Ѓорѓиевски

Михајло Миленкоски

Најдо Тодески

Даниела Иваноска

Андон Јованоски – Аша

Зоран Иваноски

Димитар Црцороски

Марија Спирксока- Илијеска

Јамсина Мицовска – Станкоска

Претставата ,,Премиера во сабота,, е колаж од повеќе театарски ситуации, низ кои се издвојуваат две паралелни приказни. Едната го води гледачот низ процесот на создавање на театарската претстава. Публиката се соочува со дел од многуборјните навидум банални проблеми и непријатни ситуации прикажани на исклучително комичен начин, па дури и елементи на фарса, кои неретко и во реалноста се појавуваат низ процесот на работа. Другата приказна, исто толку комична, во основа е приказна за љубовта, но низ неа се испреплетуваат разни емоции, интриги, лаги и љубомора.

,,Премиера во сабота,, е приказна за животот на сцената, но и оној зад сцената. Поигрувајќи се со театарскиот простор и вешто преминувајќи од драмско во реално дејство и обратно, претставата навлегува во сферата на мета театарот. Преку таа игра меѓу реланоста и драмското дејство, гледачот го чувствува треперењето, или бришењето на границите меѓу реалниот живот и животот на сцената..

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања