Search
Close this search box.

Двобројот 1-2 на Стремеж за 2014

stremez2014

Двобројот 1-2 на Стремеж за 2014

stremez2014Најголемиот дел од страниците во списанието се посветени на творештвото на Трајче Крстески, кој 45 години е уредник во Стремеж, кое постои 60 години. Весна Ацевска дава осврт на неговото творештво, како и на романот “Силјан повторно лета”, чиј фрагмент е исто така објавен во “Стремеж”. Миодраг Друговац се осврнува на романот “Лов”, додека Јовица Тасевски Етернијан пишува за романот,,Јона и полжавот”.

На крајот за Крстески како раскажувач, романисер, поет, преведувач забележува и Петар Петрески, кој ќе рече дека “Крстески е автор кој нема време за губење, дека постојано твори и е еден од поуспешните македонски автори во драмското творештво.”

Последните страници на Стремеж ги донесуваат стиховите на Благоја Јованоски, на Елизабета Тодороска, како и фрагментот од романот “Илинден” од Димитар Талев, во превод од бугарски на македонски јазик на Сузана Николоска.

Списанието за литературе, ументост и култура ,,Стремеж,, излегуа со финансиска подршка на Министерството за култура.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања