Search
Close this search box.

Деновиве излезе од печат новиот број на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ 2 за 2019 година, што го издава НУЦК„Марко Цепенков“ – Прилеп.

naslovna-Stremez2019

naslovna-Stremez2019Деновиве излезе од печат новиот број на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ 2 за 2019 година, што го издава НУЦК„Марко Цепенков“ – Прилеп.

Во рубриката ПРОЗА во вториот број на „Стремеж“ за 2019 г. се застапени прозата „Крајот на сезоната“ на Тања Урошевиќ, два циклуса раскази на Елизабета Баковска, седум куси прози на Владимир Мартиновски, како и расказите „Туѓата моја приказна“ на Владимир Илиевски и „Сеанса“ на Бобан Богатиновски.

Рубриката ПОЕЗИЈА ги донесува најновите поетски остварувања на Чедо Шопкиќ, Сузана Ѓорѓиевска, Тони Павлески, Никола Маџиров и Иван Антоновски.

Во рубриката НОВИ ГЛАСОВИ претставен е извадок од необјавениот роман „Лазарка“ на Љупчо Петрески.

Во рубриката ПРЕПЕВИ * ПРЕВОДИ е објавена поезија на црногорскиот поет Милика Павловиќ во препев на Давче Насевски, како и песни на кинескиот поет Оујан Цианхе препеани од англиски јазик на македонски од страна на Никола Маџиров.

Во рубриката КРИТИКИ * ЕСЕИ * СТУДИИ објавени се споредбената анализа „Домот, другоста и писмото во современата македонска проза“ на Елизабета Шелева, рецензијата „Расказот и сонот во интеракција“ на Лидија Капушевска-Дракулевска и есејот „ШШШ! Елена Пренџова – храбар женски глас на поезијата“ од Габриела Стојаноска-Станоеска.

Последната рубрика ТЕАТАР * ФИЛМ го донесува освртот на Ана Динковска-Божиновска „Догвил – книжевност, театар или филм?“.

Списанието НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп го издава со поддршка на Министерството за култура.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања