Search
Close this search box.

ОБЈАВЕН БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „СТРЕМЕЖ“за 2018

stremez-2018

ОБЈАВЕН БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „СТРЕМЕЖ“за 2018

stremez-2018Центарот за култура„Марко Цепенков“го објави првиот број на списанието „Стремеж“ за 2018 година.

На челно место во првиот број на „Стремеж“ во 2018 г. е поезијата на полскиот поет Адам Загајевски, добитник на „Златен венец“ на СВП, во препев на Звонко Димоски. Рубриката Препеви и преводи донесува и неколку песни од Руми, препеани од Тихомир Јанчовски.

Во рубриката Поезија застапени се најновите поетски остварувања на Ристо Јачев, Борис Апостолов, Јовица Иваноски, Тони Павлески и Наташа Сарџоска, а во рубриката Проза расказите на Владимир Илиевски, Сузана Ѓорѓиевска и Маја Апостолоска. Новата рубрика насловена Нови гласови, ја промовира поезијата на дваесет и двегодишниот автор Андреј Ал-Асади.

Во рубриката Критики, есеи, студии Лидија Капушевска Дракулевска се осврнува на романот на Фросина Пармаковска „Одбројување“, Наташа Аврамовска го промовира новиот роман на Драги Михајловски „Бдеењето на Одисеј“, Весна Мојсова-Чепишевска ја анализира поезијата на словенечкиот поет Милан Јазбец и Лидија Митоска-Ѓорѓиевска дава свое видување на романот „Чума“ на Албер Ками.

Рубриката Театар го донесува текстот на Тодор Кузманов посветен на овогодинешното 53-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, а последната рубрика In memoriam ги чува од заборав ликот и делата на Матеја Матевски, Трајче Крстески и Лилјана Дирјан за кои говорат Јовица Тасевски-Етернијан, Габриела Стојаноска-Станоеска и Оливера Ќорвезироска.

Новата редакција на списанието е во состав: Габриела Стојаноска-Станоеска, Јовица Тасевски-Етернијан и Иван Антоновски.

Списанието е отпечатено со поддршка на Министерството за култура.

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања