Search
Close this search box.

ИСЦЕЛИТЕЛ 2018

Iscelitel Makedonski Poster Laurels 30.04.2018

Заради големиот интерес, филмот „Исцелител“ во кино Мис Стон ќе се прикажува и денеска (понеделник 21 мај ) и утревчер –( вторник 22 мај) со почеток во 20.00 часот. Влезниците по цена од 100 денари можат да се набават на билетарницата од кинот Мис Стон еден час пред почетокот на проекцијата.

Iscelitel Makedonski Poster Laurels 30.04.2018

КРАТОК СИНОПСИС

Веле работи во железничкото депокако механичар и платата му доцни со месеци. Немајќи пари да купи лекови за својот татко кој е болен од рак,тој прави колач со украдена марихуана за да му ги ублажи неподносливите болки. Одеднаш епритиснат од криминалците кои си ја бараат дрогата назад и соседите душкала кои сакаат рецепт за „магичниот“ колач, а во Веле гледаат нова надеж – исцелител.

Главните улоги во „Исцелител“ги толкуваат: Благој Веселинов и Анастас Тановски, а останатите улоги: Аксел Мехмет, Димe Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Симона Димковска и други. Автори на музиката се Бранислав Николов, Пеце Трајковски-Брада и Гоце Јованоски, директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер Мартин Иванов, а сценарист, режисер и продуцент е Ѓорче Ставрески. Филмот е во продукција на Фрагмент филм од Скопје.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања