Search
Close this search box.

Концерт на сестрите Никоски

Концерт на сестрите Никоски

Во рамките на културното лето во големата сала од ЦК,,Марко Цепенков,, на 29.08.2012 заеднички концерт концерт одржаа сестрите Никоски. На виолина настапи Софија Никоска, а на пијано Христина Никоска. На програмата беа дела од Бах, Моцарт, Франк, Паганини…

Младата виолинистка Софија, по завршувањето на ФМУ во Скопје,  моментално е студент во класата на реномираниот проф. Захар Брон, во кралскиот колеџ за музика “Љуеен Софиа” во Мадрид, Шпанија, како стипендист на фондацијата “Албениз”. Учествувала на меѓународни виолински натпревари, на многубројни семинари кај реномирани виолински педагози. Реализирала бројни концерти во земјата и странство, а добитник е на повеќе награди и признанија.

Пијанистката Христина, дипломира на ФМУ во Скопје во класата на проф.Марија Ѓошевска. Учествувала на повеќе државни и меѓународни пијанистички натпревари, а освоила повеќе престижни награди. Настапува и со камерни ансамбли.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања