Шпанци и Данци пееа на плоштадот Александрија

Шпанци и Данци пееа на плоштадот Александрија

Данска група  ” Kynnes kabala “ и шпанската ” Офир “ приредија вистинско музичко изненадување. На 21 јули 2012 на плоштадот Александрија одржаа извонреден концерт во рамките на манифестацијата ” Цело лето културно лето “ што ја организираше Центарот во соработка со општина Прилеп.Данската “Kynnes kabala“ е група формирана во 2009 година од пејачката и текстописец Марија Куне, која ја проучувала сложеноста на македонското народно пеење. Групата одржала бројни концерти, вклучувајќи го појавувањето на СПОТ фестивалот во Архус, 2011 година. Нивниот деби албум  ” Hvidovrevej ” издаден е март 2011.

Шпанската група ” Офир“ е создаден од зачетокот на October eguus и  е култен авант џез рок бенд во Европа со гитаристот и композитор Анхел Онталва. Пеат сафардска музика која никого не го остава рамнодушен. Текстовите и мелодиите им се наследство од давнина, но аранжманите и ритамот се современи. ” Офир “ во Македонија дојдоа со проектот “ Офир, патување од Сефардите до Монастир ” посветен на македонските сефардски Евреи и нивната музика.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости

Бидете секогаш во тек со новите случувања