Search
Close this search box.

Богато културно лето и гостување во Хрватска

Богато културно лето и гостување во Хрватска

            ЦК,, Марко Цепенков,, од Прилеп  и ова лето ќе ја организира манифестацијата ,,Цело лето културно лето,, која ќе започне на 29 јуни со петтата ликовна колонија Дрен. Од 29 јуни до 7 јули во манастирскиот комплекс ,,Св.Илија,, во селото Дрен,  на меѓународната колонија Дрен ќе творат 13 уметници, меѓу кои Олга Петракеева и Светлана Солодовникова од Русија, Драгана Бранковиќ и Мита Ристиќ од Србија, од Македонија – Сергеј Дамовски, Христина Зафировска, Силвана Атанасовска, Владимир Кнежевиќ,  Верче Димитриовска, Мирослав Стојановиќ… Културното лето ќе понуди бројни настани – театарски претстави, концерти, изложби, со кои ќе се анимираат граѓаните.

 

          Театарот,, Војдан Чернодрински,, со претставата  ,,Антица,, според Ристо Крле, во режија на Бранко Брезовец, ќе учествува на 26 меѓународен фестивал ,,Еуроказ,, во Загреб, Хрватска. Претставата ќе биде прикажана двапати и тоа на први  и втори  јули  во театарот Гавела.

          Претставата ,,Антица,, на прилепскиот театар, со музика на Марјан Неќак, во програмата на фестивалот е најавена како исклучителна музичка драма во изведба на сестрани македонски актери.

          Инаку, Фестивалот ,,Еуроказ,,, кој постои од 1987 година,  годинава е  посветен на музичкиот театар.

          Претходно со,, Антица,, театарот гостуваше на годинешното Скопско лето, а минатата година ја виде и публиката во Лајпциг, Германија, во рамките на фестивалот ,,Еуросцена,,

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања