Search
Close this search box.

Изложба „Божури“ од Милан Темелкоски

Од  5 до 19 април 2024 г. во ликовната галерија од Центарот е поставена изложбата на дигитални фотографии „Божури“ од Милан Темелкоски, кој се претставува со 23 фотографии, на кои се претставени божури.

-„Божури“ се фотографирани на Плаошник, Охрид во 2010 година. Се работи за постари фотографии во боја. Инспирацијата за создавање на фотографиите беше слика од уметникот Кирил Гегоски, која исто носи наслов „Божури“ изработена 1993 година. Кога ги видов божурите ме поттикнаа и ги реализирав фотографиите  – вели Темелкоски.

Милан Темелкоски со фотографија се занимава од 1980 година. Досега има реализирани неколку изложби на фотографии.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања