Search
Close this search box.

Изложба на дела од Мал Битолски Монмартр

Изложба на дела од Мал Битолски Монмартр е отворена во Ликовната галерија.(6.-20.12.2023). Пред љубителите на ликовната уметност и за учениците од основните и средните училишта, презентирани се 30 дела  од учесници на манифестацијата од 4 до 18 години од 20 земји.

Изложбата ја отвори Славчо Неделковски од детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола, кое е организатор на ликовната манифестација. Неделковски посочи дека по десетти пат во Центарот се отвора изложба од Мал битолски Монмартр, и дека тоа стана традиција.

-Задоволни сме што изложбата се отвора пред празникот Свети Климент, бидејќи се навршуваат 45 години од кога основачот на манифестацијата Коста Хаџи – Антоновски ја доби Свети Климентовата повелба.. Инаку годинава славиме 55 години од постоењето. Продолжуваме со истото темпо, мотивирани како никогаш досега. Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ во своето постоење има обединувачка мисија. Нашите резултати се видливи и се заради сплотеноста на едно огромно семејство на глобална заедница на ликовни педагози – професори, мецени, поддржувачи на уметноста преку реалноста. И пред се заради љубовта на младите да сликаат и да ја пренесуваат својата енергија – посочи Неделковски на отворањето на изложбата на Малиот Битолски Монмартр.

ЦК „Марко Цепенков“ изложбата ја реализира со поддршка на Министерството за култура.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања