Search
Close this search box.

Премиерно прикажана претставата “Антиумешност”

Премиерно прикажана претставата “Антиумешност”

“Антиумешност”, во режија на Саша Нацевски, трета година студент на ФДУ – отсек режија во класата на професор Слободан Унковски, е претставата на ЦК “Марко Цепенков”, што премиерно беше прикажана на 14 септември 2012 година . Се работи за урбана  претстава работена по текст на австралискиот драматург Алекс Браун.

          – ,,Антиумешност,, е преглед на односите меѓу луѓето во новиот милениум, енциклопедија на уметноста на ,,ќарувањето,,. Реплики кои сите ги знаеме и реплики кои посакувате никогаш да не сте ги слушнале…

На што ли се сведе нашиот свет? Се изгуби ли љубовта? Една обично излегување во градот никогаш повеќе нема да биде исто – вели режисерот Нацевски, кому ова му е втора претстава, по 33 со Младинското драмско студио.

Играат актерите Никола Настоски и Милан Секулоски, студентите на ФДУ – Димитрина Мицкоска, Илија Волчески и Ирена Мирческа и Дарко Карбески, младинец од МДС.

          Центарот претставата ја реализираше со сопствени средства.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања