Search
Close this search box.

ПИРЕЈ

pomala rezolucija pirej plakat

pomala rezolucija pirej plakat

ПИРЕЈ  – Премиера на 27.4.2018

„Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата, и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.

program napred

Претставата преку паралелни сцени кои ги отсликуваат,животните приказни на сопружниците Јон и Велика еден на фронт, а друг во селото, дава две перспективи на човековата деструкција поради општествено, социјално и политички причини. ЛикотнаВелика е симбол засекојамакедонскаженаодтоавремекоја постојано добива безмилосни судбински удари, војната и зема сѐ, а таа пак продолжува да се бори. Од друга страна, како сведок и учесник во најгрдите настани на фронтот, Јон станува ѕвер. Кога Јон е доведен во ситуација дагозаробисопствениотбрат, дадена е јаснасликанапринуднотобратоубиство на овие простори и апсурдотначовечкатасудбина. Приказна која има документаристичка основа раскажанананароденјазик, во која се проткајуваат детали за животните навики, но во исто време е силна слика за поединецот и неговото уништување во време на војна.

“Пиреј” е прв роман на Петре М. Андреевски објавен во 1980 година кој набргу стана една од најчитаните книги во која секој на свој начин ја препознава колективната голгота од нашето историско паметење. Тој опфаќа еден од најтешките периоди од македонската историја и ги следи настаните кон крајот на владеењето на Отоманската империја, периодот од Балканските војни, Првата светска војна како и пост-воениот период на овие простори. На вешт начин го прикажува секојдневниот живот, преплетенсоситеритуали, начининаживеење, размислувања и чуствувања. Во времињанапустош, глад, безнадежност, болести, колежи и палежи, “Пиреј” претставува уникатнасликазаМакедонскиот народ, размислувањетонаобичниотселанец и процесотнанеговаасимилација и денационализација. Овој роман гисодржитритеголемикарактеристикинастилотнаАндреевски, патриотизмот и историјатанасвојотнарод, големопознавањеначовековатапсиха, како и неизмерливата почитконжената. Овојроман е обележјенамакедонскиотмодернизам, номожедаимконкуриранасветскитеимиња и наслови.Какоделодмодернизмотгисоочувачитателитесотемни и безнадежнисликиодчовештвото, војните и последицитеодвојните, особенофокусирајќисенауништенатачовечкапсихапоПрватаСветскавојна.

Автор: Петре М. Андреевски

Режија: Љупчо Ѓоргиевски

Драматизација: Љупчо Ѓоргиевски

Соработник на драматизацијата и драматург: Ивана Нелковска

*Благодарност до Аљоша Руси и Владимир Милчин чија драматизација беше инспирација за одредени моменти во нашата претстава.

Сценографија: Валентин Светозарев

Костими: Андреј Ѓоргиевски

Музика: Димитар Андоновски

Играат:

Марија Спиркоска Илиjеска–Велика Мегленоска

Александар Степанулески– Јон Мегленоски

Катерина Чакмакоска Клинческа – Уља

Зоран Иваноски -Мирче

Игор Трпчески–Капетан Мирковиќ

Марјан Чакмакоски– Дуко Вендија

Трајче Иваноски – Војводата

Најдо Тодески – Попот

Даниела Иваноска – Маса Ќулумоска

Андон Јованоски– Јоше Свирачот

Виолета Чакарова – Дуковица

Димитар Вандески – Мисајле Прпуш

Цветанка Чавлеска- Неделкојца

Димитар Ѓорѓиевски – Витомир, Пијаниот гробар, војник

Илија Волчески – Давиде Недолетниот, Наќе, војник

Димитар Црцороски – Толе Грнчарот, Силјан, војник

МихајлоМиленкоски – Доксим Тренчоски, Бошко, војник

Александар Тодески – Гоше Љубин, Стојан, војник

Виктор Мирчески – комита, полицаец, војник

Давид Папазоски – комита, полицаец, војник

ДЕЦАТА:

Даниел Трајкоски- Ангеле

Фросина Богеска – Роса

Андреј Димитриовски- Здравко

Надица Ѓорѓијоска – Капинка

Илин Ристески- Ѕвездан

Илина Стефаноска– дете на Дуко

Александар Ристески– дете на Дуко

Георгина Апостолоска- Горица, дете на Уља

Во реализацијата на претставата учествуваат:

Испициент: Елена Иваноска

Суфлер: Лилјана Батлеска

Тон-мајстор: Томе Темелкоски

Светло: Ристе Гркоски

Шеф на сцена: Сашо Смоквоски

Сликар исполнител: Пеце Ристески

Реквизитер: Гоце Наумоски

Гардеробер: Снежана Ѓорѓиоска

Фризер-перикер: Даринка Богоеска

Заварувач: Ордан Тодороски

Декоратери: Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски, Златко Апостолоски

Дизајн на плакат: Валентин Светозарев

Љупчо Ѓоргиевски, дипломирал на “Филозофски факултет” – група психологија – во Скопје 1980 година и на “Факултетот за драмски уметности – театарска режија” – во Скопје. Од 1990 работи во НУ Народен театар – Битола како режисер – драматург, а од 2002-2006 беше негов директор. До сега има режирано преку шеесет претстави во сите театри во Македонија, а режирал и во Косово, Бугарија, Романија, Русија, Татарстан и Турција. Поставува дела од светската класика и современа драма (“Цар Едип”, “Медеја”, “Ромео и Јулуја”, “Мачката на вжештен лимен покрив”, “Столови” и др.) како и македонската драма. Особен успех му донесоа поставките на т.н. македонска битова драма (“Бегалка”, “Македонска крвава свадба” и “Парите се отепувачка”). Негови претстави учествувале на сите фестивали во Македонија и надвор од неа (“Битеф”, “Славија”- Белград, “Славјански венец”- Москва и др.). Со свои претстави гостувал во сите центри на балканските простори, низ повеќе градови во Европа (Париз, Марсеј, Лондон, Москва) како и во Австралија, Канада и Америка.За својата работа добитник е на повеќе награди и признанија (Награда наградот Битола “ 4-ти Ноември”, пет награди за најдобра режија и пет награди за најдобра претстава на Фестивалот “Војдан Чернодрински” – Прилеп, Гран-при во Москва, Белград, три награди на Фестивалот Античка драма – Стоби и др.)Моментално работи во НУ Народен театар Битола како режисер.

Петре М. Андреевски (Слоештица, Демирхисарско, 25 јуни 1934 – Скопје, 25 септември 2006) поет, романсиер, раскажувач и драмски автор. Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи. Неговите приказни се честопати необични и чудно испреплетени, но во особеноста на својата упатеност кон читателот, раскрилуваат еден познат и близок свет, што го препознаваме како ехо на дамнешни, напати, темни кажувања. Прозниот опус на Андреевски е исклучиво свртен кон македонската реалност, лоциран во македонско село, во кое тој внесува цврст и непоколеблив, историски загарантиран референт. Основно образование завршил во родното село, гимназија во Битола, а студирал на Филозофскиот (сега Филолошки) факултет во Скопје. Работел во Македонската телевизија. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Член на Македонската академија на науките и уметностите. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1964 година, a во 1983 година бил и негов претседател. Застапуван е во сите антологии на македонската поезија објавени кај нас и во светот. Негови дела во посебни книги се презентирани на повеќе јазици надвор од Македонија.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања