Search
Close this search box.

Глембаеви, уште една легенда

Театар„Војдан Чернодрински“ – Прилеп & ЕУРОКАЗ – Загреб

Премиера 7.10.2019

Глембаеви, уште една легенда

варијација на драмата на Мирослав Крлежа

режија и адаптација: БРАНКО БРЕЗОВЕЦ

композитор: НИКОЛА МИЦЕВСКИ

сценографија: ИВАНА КНЕЗ

костимографија: СУЗАНА БРЕЗОВЕЦ

светло: РИСТЕ ГРКОВСКИ

тон: TOME TEMEЛКОСКИ

драматуршка соработка: ЛИДИЈА МИТОСКА-ЃОРЃИЕВСКА

соработник на сценографот и сликарски работи: ПЕЦЕ РИСТЕСКИ

преведувач: Илија Милчин

дизајн на плакат: Дејан Драгосавац-Рута

НАЦИ (ИГЊАТ ЖАК) ГЛЕМБАЈ ……………………………АНДОН ЈОВАНОСКИ

NACI (IGNJAT JACQUES) GLEMBAY………………………. ZLATKO BURIĆ KIĆO

БАРОНИЦАТА КАСТЕЛИ – ГЛЕМБАЈ………………………ДАНИЕЛА ИВАНОСКА

BARUNICA CASTELLI-GLEMBAY………………………………DOMAGOJ JANKOVIĆ

Dr. phil. ЛЕОНЕ ГЛЕМБАЈ………………………………………ЗОРАН ИВАНОСКИ

СЕСТРАТА АНГЕЛИКА ГЛЕМБАЈ……………………………..АНГЕЛА НАУМОСКА

SESTRA ANGELIKA GLEMBAY………………………………….SUZANA BREZOVEC

Dr. theol. еt phil. АЛОЈЗИЕ ЗИЛБЕРБРАНТ………………..ДИМИТАР ЦРЦОРОСКИ

Dr. theol. et phil. ALOJZIJE SILBERBRANDT……………..ROBERT ŠPANIĆ                

ОЛИВЕР ГЛЕМБАЈ………………………………………………….ИСИДОР ЈОВАНОСКИ

OLIVER GLEMBAY……………………………………………………PAVLE VRKLJAN

ТИТУС АНДРОНИКУС ФАБРИЦИ – ГЛЕМБАЈ……………….ТРАЈЧЕ ИВАНОСКИ

Dr. juris ПУБА ФАБРИЦИ – ГЛЕМБАЈ…………………………..ИГОР ТРПЧЕСКИ

АНИТА……………………………………… АНА МИТОСКА СТОЈАНОСКА

 {AG}gll2019{/AG}

Глембаеви, уште една Легенда

Проектот Глембаеви, уште една Легенда настанува како финален резултатна долгогодишното интересирање на хрватскиот режисер Бранко Брезовец за драмата Господа Глембаеви на Мирослав Крлежа, којашто тој досега три пати ја има поставено на сцена и тоа во Ријека, Загреб и Прилеп.

На прв поглед, особено во својот централен дел, но и во финалето, на драмата може да ѝ се припише впечаток на блискост, камерна концентрација, психолошка нијанса, па според вообичаената академска класификација, таа е ремек-дело на квалитативната фаза на Крлежа, која ја заборава методолошката и етиолошката бушавост на младешката квантитативна фаза, а која својот сублимат го сондира во седумте драми и драмолети собрани под името Легенди.

Брезовец, впуштајќи се во својата режисерска работа, се сомнева во авторитарноста на таквите поделби. За него, драмите на Крлежа, навистина се одликуваат со поигрување со моралните модалитети (да се живеат спротивностите, рилкеовски да се живеат прашањата), но и херменевтичката беспрекорност на матното во нас. За осмозата на тие два пола низ целата драматика на Крлежа има доволно актантски инклузивности.

Така, Глембаеви се драмски континуитет на вртешки: дејствието навидум напредува, а всушност се враќа или стои в место (Леоне сака да ја продлабочи свеста за својата позиција, а всушност сфаќа дека отсекогаш ја знае). Тука структурата на Глембаеви се потпира, да кажеме, на драмата-легенда Кристофор Колумбо.

Драмата се отвора и во правец на онаа недефинирана дефинираност на Cтанкo Ласиќ: клучните мотивациски лостови се покажуваат во текот на драмата како несигурни, недефинирани (прељубата на мајката на Леоне, причината за смртта на Алис). Во тоа лежи врската на Глембаеви co Микеланѓело Буонароти и Салома.

Па така, во трагата на негацијата на биополарноста на Крлежиниот драмски опус, настанува и претставата Глембаеви, уште една Легенда. Таа има карактер на сценски есеј, но фикциски е осигурана и со навестувањата на драмскиот наратив: светот на глембаевските предци, кои во својот морален исход не можат да умрат, па опстојуваат во таквата своја безвременска есенција, е паралелен и рамноправен со светот на живите.

Продуцент на претставата е Театар„Војдан Чернодрински“ од Прилеп,во соработка со продуцентската куќа Еуроказ од Загреб. Ансамблот го сочинуваат професионални, постојано вработени прилепски актери (8 актери) и актери од Загреб, соработници на Еуроказ (5 актери, претежно слободни уметници).

Преплетувањето на живите ликови и нивните сеништа во радикално паралелен мизансцен и паралелен декор ќе појдат кон освестување на оние генијални пукнатини, кои според Уберсфелд, се одлика на секоја голема драма, а чија нелогичност писателот суверено ја прикрива со абдукција на ритамот и гледната точка. Со таа испреплетеност би трeбало да блесне можноста на матните односи на ликовите кои драмата на Крлежа не ги дофаќа, но милостиво ги нуди на увид.

Така, оваа претстава-есеј, да речеме, ќе ја допре можноста на односите Глембај – Ангелика (Aнгелика како фигура на Спасението и за стариот Глембај), Леоне – Зилбербрант (нивното љубовничко наговестување, па со тоа и ослабеноста на еротскиот контакт меѓу Бароницата и Зилбербрант), односот на Оливер со Бароницата и Глембај (потполно неелабориран во драмата).

Глембаеви, уште една Легенда ја поместува драмата на Крлежа од хоризонтот на мотивациска ибзеновштинаи ја приближува кон стринберговската приватна симболика на Патот за Дамаск. Тоа е драматуршка операција со многу малку трошок и агресија, само благодарејќи на супериорната љубезност на таа голема драма. За Брезовец, Глембаеви не е драма на критика и актуелизација на митското лице на тајкунизацијата. Глембаевие драма за Спасот, за цената на неговата темпоралност (Спас: кога?) и за цената на утехата на неговата бесконечна спацијалност (Спас: каде и кому?)

 

ЕУРОКАЗ

Уметничката организација Еуроказ е основана во 1987 г. како фестивал на нов театар кој во текот на своите 27 фестивалски изданија се профилирал како еден од највлијателните фестивали во регионот и на кој настапиле над 300 уметнички групи од целиот свет. Фестивалот се одржуваше во континуитет од 1987г. до 2013г. Неговото прво издание е одржано како дел од културната програма на Универзијадата, а последното во времето на влегувањето на Хрватска во Европската Унија, на 1 јули 2013 г.

Од 2006 г. Еуроказ се оддалечува од презентациската и информативната функција, и станува продуцент и копродуцент на проекти со домашни и меѓународни уметници и партнери, а од 2014 г. продукцијата станува главната дејност на Еуроказ. Од самите почетоци, Еуроказ повикувал и соработувал со македонските театри. Така на Еуроказ гостувале Народниот театар Битола, Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, Народниот театар од Куманово, Албанската и Турската драма, а копродуцирани се представи со МКЦ и МАГ од Скопје и НТ Битола.

 

инспициент: Елена Иваноска; суфлер: Лилјана Батлеска; реквизитер: Гоце Наумоски; гардеробер: Снежана Ѓорѓиоска; фризер-перикер: Даринка Богоеска; декоратери: Роберт Стојкоски, Сашо Смоквоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски, Златко Апостолоски; заварувач: Гоце Тодороски

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања