Search
Close this search box.

ХАМЛЕТ

НУ Центар за култура „Марко Цепенков“

Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

 

ПРЕМИЕРА 20.10.2023 

ХАМЛЕТ

според трагедијата на Вилијам Шекспир, со користење на драмите Во малиот дворец на Станислав Игнациј Виткиевич и Чест на Васил Иљоски

 

Режија и адаптација: Бранко Брезовец

Сцена: Пеце Ристески

Костими: Сузана Брезовец

Светломајстор: Ристе Гркоски

Тон мајстор: Томе Темелкоски

Витражи: Марта Црнобрња

Соработник на режија: Борис Василески

Соработник за драматуршки прашања: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска

 

Играат:

ХАМЛЕТ / Роднината / Стефан – Зоран Иваноски

ЛАЕРТ – Димитар Ѓорѓиевски

КЛАУДИЈ / ПРИЗРАКОТ / Тобожиќ – Андон Јованоски

ГЕРТРУДА / Сеништето / Ванѓа – Даниела Иваноска

OФЕЛИЈА / Aнета / Mилка – Марија Спиркоска Илијеска

ПОЛОНИЈ / Никола – Игор Трпчески

ХОРАЦИЈ / Коздроњ – Илија Волчески

РОЗЕНКРАНЦ – Александар Тодески

ГИЛДЕНСТЕРН – Михајло Миленкоски

ПРВИОТ ГРОБАР – Виолета Чакарова

ВТОРИОТ ГРОБАР – Наташа Ачански

ФОРТИНБРАС – Ана Митоска

 

Инспициент: Елена Иваноска

Суфлер: Лилјана Батлеска

Реквизитер: Гоце Тодороски

Гардеробер: Снежана Ѓорѓиоска

Фризер-перикер: Даринка Богоеска

Декоратери: Сашо Смоквоски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски

Дизајн на плакат: Ловро Брезовец

ХАМЛЕТ, НАШ СОВРЕМЕНИК?

 

Многу генерации наоѓаат сопствена рефлексија во феноменот наречен Хамлет: тој варира од бунтовник, идеолог на честа и духовната постојаност, до неодлучен интелектуалец распнат меѓу емпириската проверка и апстрактната рационалност; тој не може да се запре на острата граница меѓу доброто и злото. Тој е саможив филозоф за кого дури и постоењето на светот и на она што го надминува е под прашање. Лишен е од илузии, саркастичен и груб, но не може да ги задуши спротивностите во својот карактер кои се во постојано натпреварување. И разумот и недостатокот на практично искуството го тераат ниту на духот, ниту на сите духови на светот да не може целосно да им верува. Веројатно тоа е и една од причините што Хамлет е заглавен во насилството на бездејствието.

Во ова читање на Хамлет, нагласен е конфликтот во и меѓу ликовите, стремежот за моќ и желбата за одмазда. И овој Хамлет е заплеткан во измами, манипулации илудило. Меѓутоа, мотивите од Чест од В. Иљоски и Во малиот дворец од С. Виткиевич внесуваат уште позасилена атмосфера на сновидение и сосема неочекуван развој на комплексни односи и настани.

Ликовите застрануваат од својата оригинална зададеност: ниту во својата психологија, ниту пак во своите постапки не се сосем идентични со оние од Шекспир. На тој начин, оваа претстава ни предочува нескротливиаспекти и можности за толкувања поинакви од очекуваните, односно од стандардно прифатените. Кратки и моќни асоцијации во вид на фрагменти на несвесното се вткаени во целината преку алтернативните ликови и ситуации, некои од нив аналогни на Шекспировите, но транспонирани од сосема различни контексти.

Големиот полски театролог Јан Кот тврди дека секој Хамлет кој се поставува, мора да изгуби дел од богатството на Шекспировиот. Можеби оваа нова и поинаква повеќе слојност на оваа постановка, која ја стекнуваат ликовите, или пак многу значноста која произлегува од секој, а не само од текстуалниот аспект, го претставува клучниот елемент кој ќе му пркоси на ова тврдење на ЈанКот, односно претставува (намерен или интуитивен) стремеж кон отелотворување на Хамлет со целата негова комплексност и потентност.Во таа смисла, режисерот Брезовец ќе истакне дека овојХамлет се труди и да биде и да не биде наш современик и современик на нашиот театар.

Хамлет е еден од малубројните книжевни јунаци кои живеат надвор од текстот, надвор од театарот. Неговото име значи нешто дури и за оние кои никогаш не го читале ниту го гледале Шекспир. На некој начин, сличен е на Мона Лиза од Леонардо. […] Насмевката на Мона Лиза како да се оттргнала од портретот. Во неа не е само она што го изразил Леонардо, туку и сето она што е запишано во таа насмевка. […] Така е и со Хамлет, а особено со Хамлет во театарот. Бидејќи меѓу нас и Хамлет не стои само целиот самостоен Хамлетов живот во културата, туку и сите негови димензии.

Во Хамлет има многу работи: политика, насилство и морал, спор околу истозначноста на теоријата и праксата, околу крајните цели и смислата на животот, постои трагедија љубовна, семејна, државна, филозофска, есхатолошка и метафизичка. Сè што ви душа сака! А постои уште и потресна психолошка студија. И крвава фабула и двобој и голем колеж. Треба да се одбира, да се скратува и да се сече. Може да се игра само еден од Хамлетите кои постојат во тој архитекст.

Хамлетовата генијалност можеби е токму во тоа што во него може да се видиме како во огледало. Совршениот Хамлет би бил најшекспировскиот и најсовремениот истовремено. Дали е тоа можно? Не знам. Но само така можеме да ја оценуваме секоја постановка на Хамлет: да се прашуваме колку има од Шекспир во неа, а колку наше. […] Само едно е важно: преку Шекспировиот текст да се дојде до современото искуство, до нашето неспокојство и до нашата осетливост.

Јан Кот – Шекспир, нашиот современик

 

 

 

 

 

БРАНКО БРЕЗОВЕЦ

 Театарски режисер, роден во 1955 г. во Загреб.

Остварил околу седумдесет режии на сите простори на Југославија и во странство (Велика Британија, Германија, Италија, Франција…). Неговиот иновативен драматуршки пристап е проширен преку поврзување на различни текстови, култури, контексти, јазици, режисерски и актерски стилови во една претстава.

Во Македонија, Брезовец има режирано дваесетина претстави низ театрите во Скопје, Битола, Куманово, Прилеп.

Хамлет е негова трета режија во Прилепскиот театар. Во 2010 г. ја постави битовата драма Антица, која гостуваше на престижниот фестивал Euroszene во Лајпциг, а во 2019 г. Глембаеви.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања