Search
Close this search box.

ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ДРЕН 2023

Од 17 до 23 јули 2023 во Центарот по 15 пат се одржа меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2023„ што се реализираше со поддршка на Министерството за култура. На колонијата, твореа Павлина Копано од Истанбул, Славица Танеска, Александра Димитрова, Мирјана К. Массети, Дамјан и Елена Ѓуров, Стефан Анчевски, Благојче Наумоски – Бане, Методи Исков, Маја Ралева Миладиновски, Филип Јовески, Филип Перески, Маја Танеска, Тони Чатлески, Верче Николоска, Славчо Павлески, Габриел Димитровски, Филип Ристески, Елена Пантелиќ и Марјан Стојаноски, кои создадоа вредни дела што ќе останат во трајна сопственост на ЦК „Марко Цепенков“и на државата.

Уметниците не го криеа задоволството што се дружеа, разменуваа искуства…

– Многу се радувам што дојодв на колонијата, каде се сретнав со убави луѓе, со одлични уметници. Многу е важно дружењето меѓу нас уметниците, бидејќи создаваме врски од цел свет. Прилеп е чудесен град, со убава организирана колонија. По втор пат сум на колонијата. Се погоди мал јубилеј 15 години колонија и 10 години од моето прво учество. Мојата инспирација доаѓа од убавата природа од Македонија, од планините и езерата вели сликарката Павлина Копано.

-Колонијата е предвизвик, затоа што уметниците творат во ателје и кога ќе излезат во природа добиваат енергија за создавање на уметничко дело. Дојдов тука и убаво е. Се дружам со уметниците, задоволна сум од атмосферата. Израаботив триптих на кој ги прикажувам моите емоции и гестови – вели уметницата Александра Димитрова.

– Колонијата ни овозможува дружење и творештво, во убава атмосфера, со убави луѓе. Секој со својата креативност и со медумот во кој твори. Ваквите колонии се одлични, тука добиваме можност преку работа да се надградуваме и да учиме од другите и да разменуваме искуства. Оставам две дела во метал и камен – вели Дамјан Ѓуров.

– Убаво искуство се колониите. На нив треба да се истражува, да се внесува нешто ново, не стандардно. Работев со природни материјали со каширан малтер кој е доста еластичен и стабилен. Употребував повеќе материјали со различни смоли кои придонесуваат скулптурата да добие нови димензии и да има можност да се користи сликарството. Повеќе медиуми во едно – вели Маја Р. Миладиновски.

Годинава на колонијата Дрен 2023, изјави Марјан Стојаноски од ликовната дејност, се работело во различни медиуми, а создадените дела ќе бидат презентирани на изложба во Центарот, а ќе бидат претставени и во повеќе градови низ Македонија.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања