Search
Close this search box.

ВЕНЕЦИСКО БИЕНАЛЕ

ВЕНЕЦИСКО БИЕНАЛЕ

Центарот за култура,, Марко Цепенков,, со своето реноме во ликовната уметност, ја имаше таа чест да биде учесник на престижната светска манифестација Венециско биенале.

На интернационалната манифестација, која се одржа по 54 пат, на тема,, Илуминации,, Центарот се претстави со проектот ,,Прескок,, на скулпторот Жарко Башески. Голема чест и задоволство ни претставуваше да бидеме присутни  на Венециското биенале.  Учеството  говори за високото реноме на нашата институција, дека сме водечки на полето на ликовната уметност во земјата, дека секогаш се залагаме за квалитет во презентацијата на ликовното творештво, не само на традиционалното, туку и на модерното  – вели директорот Тони Чатлески. Преставувањето на Венециско биенале на Центарот му е поттик и понатаму да продолжи да реди успеси.

За проектот ПРЕСКОК

ПРЕСКОК е приказна, заснована врз идеите на германскиот филозоф Фридрих Ниче, за човековите настојувања кон себенадминување, за можноста себе да се надрасне, да се прескокне себеси и да ги прескокне ограничувањата на стварноста што самиот тој ја создава. Овој проект можете да се разбере и како метафора на актуелните состојби во Македонија и во светот. Инсталацијата се состои од три сложени супер-реалистични скулптури на еден ист човек, со димензии нешто поголеми од вообичаените, во три ситуации. Врската меѓу скулптурите – човек кој самиот себе се носи, човек кој самиот себе се прескокнува и човек кој самиот себе се надвисува – е вечното човеково настојување за самонадминување. Автор на скулптурите е Жарко Башески.

Жарко Башески (1957) Факултетот за ликовни уметности во Скопје го завршил во 1988 година. Постдипломските студии ги завршил во истата институција во 1998 година. Во 2000 година е избран за наставник во звањето доцент по предметите вајање, вајарски техники и цртање, а во 2005 година во звање вонреден професор по истите наставни дисциплини, а сега работи како редовен професор на истиот факултет. Башески е скулптор кој веќе има изведено неколку монументални бронзени скулптури на плоштадите во својата земја, како што се скулптурите на Александар Македонски (Прилеп) и коњаничките скулптури на македонските национални херои Гоце Делчев и Даме Груев на плоштадот во центарот на главниот град (Скопје). Во проектот ПРЕСКОК тој се свртува кон обичниот човек. Одново враќајќи се во скулптурата кон човекот и човековото тело како носечка тема, Башески се обидува да ги постави прашањата за смислата на човековото постоење. Човекот на Башески, како и човекот на Ниче, е во постојан напор на самонадминување – тој е акробат, жонглер со сопственото тело, одач по жица оптегната над светот.

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања