Печати

Изложба на дела „Микроманипулации” од Владимир Здравески

Во ликовната галерија е отворена изложбата „Микроманипулации” од уметникот Владимир Здравески. (27.8. – 10.09.2020)

Ова е прва самостојна изложба на Здравески, кој нуди девет дела кои се последица на  истражување на микроскопски записи од разни органи  и други ситуации кои се дел од микросветот.

Изложбата ја отвори поетот Филип Димкоски кој посочи дека целосниот концепт на изложбата е издржан од повеќе аспекти и тоа користените материјали за создавањето на делата, формата и боите.

-Сите заедно јасно ни ја даваата втората порака што зборува дека уметникот осознал и јасно го прикажува осознаеното без да не става на мисловно и емотивно распаќе. Влакненцата на јутата, конопот и хартијата префинето ја претставуваат идејата. Како форма преовладува кругот-создател на целината, симбол на совршенството, како што впрочем пее и Петре М. Андреевски „Тркалезно е и семето што го засејуваш во нивата” (од песната Тркалезни форми). Тркалезното семе го раѓа тркалезниот леб кој го храни тркалезниот свет. Боите пак, и во ѕиднитеобјекти и во фотографиите се складни и во контекст на она што се сака да се каже, а  веројатно секој восприемач и низ боите и низ делата во целост ќе се препознае, ќе се запраша, ќе се дооткрие и ќе го збогати делото со уште едно ново видување, чувствување и размислување –посочи Димкоски.

Здравески е член на ДЛУМ. Учествувал на повеќе групни изложби во земјата и во странство, а минатата година ја доби наградата „Борко Лазески” за инвентивни достигнувања во областа на сликарството, од Факултет за ликовни уметности, Скопје.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.