Печати
За јубилејот на театарот „Војдан Чернодрински“  - 70 години ( 17/18.02-2020) беше изведена премиерата на „Лажговци“ во режија на Коле Ангеловски, проектот Move the beat with actors & The Hounds,. а беа прикажани и пет претстави од тековниот репертоар.
„Move the beat with actors & The Hounds беше извонреден музички настан кој го приредија актерите од помладата генерација на анасамблот од театарот заедно со групата „The Hounds“. Тоа беше ноќ за паметење.
На одбележувањето присуствуваа директорот на Центарот Рубинчо Белчески, градоначалникот Илија Јованоски и заменик министерот за култура Владимир Лазовски, кој посочи дека конечно е започната постапката за обезбедување на документацијата што ќе овозможи реконструкција со надградба и доградба на објектот на НУЦК „Марко Цепенков“, а се однесува на потребите на театарот.
- Со тоа, ве уверувам дека, овој талентиран и пожртвуван ансамбл, во скора иднина ќе ги има вистинските услови кои ќе бидат на нивото на нивниот врвен уметнички професионализам -рече заменик министерот Лазовски на одбележувањето на јубилејот 70 години театар „Војдан Чернодрински“.

AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.