Печати

ИЗЛОЖБА „ГЕОЛОШКИ ПРЕСЕК 2„ - ИНСТАЛАЦИЈА ОД ДАВИД АТАНАСОСКИ

Во Ликовната галерија e поставена изложбата инсталација „Геолошки пресек 2“ од прилепскиот уметник Давид Атанасоски. Идејата за реализација на инсталацијата, вели уметникот, се надоврзува на претходните негови заложби во кои рециклирањето има примарно значење.

- Се работи за ѕидна инсталација од отпадни дрва. Имено, дрвените штици ја сочинуваат основата на автономната и интегрирана структура. Строгиот распоред на композицијата, односно стратигафската систематизација и паралелизација на дрвените штици кои ја сочинуваат инсталацијата, ја потенцираат и нејзината архитектонска концепција. Инспирирана е од примарните архитектонски конструктивни елементи, од природната стратиграфија и слоевитост на земјата и севкупната историја, книжевност и наука на човештвото. Вертикално испратените објекти се прилагодливи во релација со урбани и архитектонски затворени простори – објаснува Давид.

Атанасоски досега реализирал самостојни и групни изложби во градов и низ Македонија, а бил дел од ликовни колонии.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.