Search
Close this search box.

Ликовно Галериска Дејност

Изложби

ИЗЛОЖБА „ПОСЛУШНОСТ“ОД ПЕРО КОВАНЦАЛИЕВ

„Послушност“ е тематската изложба на дела од уметникот Перо Кованцалиев што беше отворена во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ( 25 .09. до 20.10.2023), на која авторот се претстави со дваесет скулптури кои беа акумулација на човечки уши изведени во повеќе материјали, бронза, алуминиум и полиестер. Акумулации изградени во неправилни низи и вообразуваат формации на неправилни форми. Послушноста е дел од основата на општеството. Без послушност, ништо не би постоело друго освен хаос и анархија вели уметникот. – Без ред, продуктивноста и благосостојбата на граѓаните стануваат непостоечки. Од друга страна, мора да се запрашаме колку општеството може да биде послушно без да ја изгуби поединецот својата индивидуалност, бидејќи општеството без индивидуалноста не се состои од луѓе, туку од програмирани робови. Човечката индивидуалност честопати е поткопана од слепата послушност што луѓето ја чувствуваат кон оние кои се во позиција на моќ. За да може луѓето да ја задржат својата индивидуалност мора да се најде рамнотежа помеѓу послушноста и непослушноста. Давам одговор на прашањата: Како современиот уметник и воопшто современата уметност денес се одржува во системот на комуникација со институциите и општествениот живот. Колку уметникот денес е послушен пред институциите кој ја претставуваат уметноста? – вели Кованцалиев. Проектот покренува општествени прашања и дијалози за моќта на авторитарноста и слепата послушност. -Уметникот во општествениот систем, неговата активност и функција како и индивидуалноста на поединецот во организираната подреденост – истакнува уметникот. На Перо Ковaнцалиев од Скопје, кој е мултидисциплинарен ликовен уметник чие творештво е потикнато од идеата да се влијае на големите наративи со ликовни интервенции и дела кои инспирираат и потикнуваат промени за одржлив развој, ова му е втора изложба во Прилеп. Со неговите дела наметнува еден пацифичен начин на комуникација и овозможува видливост на маргинализираните теми потиснати од

Повеќе ...